39-годишниот Александар тргнал од Германија за Македонија и исчезнал, семејството апелира за помош
Во тек потрага по Александар Черговски, 39 – годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.
-Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар Мали Радио МК. Имено тој од Германија е излезен на 18.02 2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин.
Роднините на Александар од Берово веднаш ја алармирало полицијата за исчезнувањето, а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.
-Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него, да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, додадоа од неговото семејство.
Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.
-По пријава на Интерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде се направени контакти и проверки на неколку локации, додаде Гордана Панајотова, потпарол на СВР Штип.
Според лица блиски до Черговски, Александар на граничниот премин се симнал од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток