Македонија
12. May 2021 - 10:56

305 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 305 возачи.

- Од нив, 201 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 64 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштува МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.