216 санкционирани возачи во Скопје, 79 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возач почетник...
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 32 санкции што ги чинат возачи на мотоцикли, шест мерки за нерегистрирани возила, 28 санкции за управување под дејство на алкохол...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје
-
Кривична за тројца полицајци од Полициската станица Кочани
-
Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга
-
Maшко лице се заканувал со остар предмет на малолетничка на подрачјето на Центар