Зошто во континуитет тоне квалитетот на образованието
Академското образование во слободен пад. Со над 20 универзитети и 130 факултети Македонија не успева да обезбеди квалитетен процес, а тоа го потврдуваат и рангирањата на светските листи.
На нив место има само за Универзитетот “Кирил и Методиј”. Според последната листа на Центарот за универзитетско рангирање која деновиве беше актуелизирана, УКИМ се најде на 1944 место на светот и е во контиунуиран пад.
Државниот универзитет ужива автономија, но државата може да помогне, смета премиерот.
Падот на најстариот универзитет во државата УКИМ треба да биде мотив, особено за раководниот и наставниот кадар, сметаат од МОН. Министерот уверува дека стратегија за унаепредување на образованието постои.
Реформа во високото образование е сложен и тежок процес, посебно кога внатре во Универзитетот нема критична маса за промени, смета професорот Ацески.
Вели дека има најмалку 10 причини за слабиот академски квалитет, а една од нив е културата на корупција на Универзитетите.
УКИМ назадуваше 128 места на листата во последните три години. Ако продолжи негативниот тренд, сосема е извесно дека Македонија за прв пат ќе нема ниту една високообразовна установа на светскиот ранкинг на Универзитети.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
