Живот
15. July 2017 - 12:07

Зошто римскиот цемент се уште стои цврст додека неговите модерни верзии се распаѓаат

Гардијан - Лондон

Научниците ја открија тајната на силата на структурата на римскиот цемент на основа на вода. а сознанијата можат да им помогнат на денешните градители.

Научникот Мари Џексон вели дека морскиот ѕид во лагуната во Свонси треба да се гради со римски цемент.

Нивните структури се уште постојат и по повеќе од 1500 години од кога последниот центурион газел по нив: сега тајната за издржливиот морски цемент на Римјаните е откриена.

Рецептот на Римјаните - мешавина од вулканска прашина, вар (калциум оксид), морска вода и грутки од вулкански карпи - оградуваат докови, брани и пристаништа. Покрај ова, во споредба со модерните материјали, античките структури на основа на вода со текот на времето стануваат уште поцврсти.

Научниците велат дека ова е резултат на реакција на морската вода со вулканскиот материјал во цементот и создавањето на нови минерали кои ушпте повеќе го зацврстуваат цементот.

- Тие потрошиле големо време да го изработат ова. Тие биле многу, многу интелигентни луѓе, вели Џексон, геолог од Универзитетот во Јута и коавтор на студијата за римските градби.

Како што забележуваат авторите, Римјаните биле свесни за карактеристиките на нивниот цемент, кои Плиниј Постариот лирски ги овековечил во неговата „Историја на природата“: „Тоа е отпорно на брановите и секој ден се поцврсто“.

Научниците велат дека сега тие откриле зошто е тоа така. Во текст во списанието „Америкен Минералоџист“, Џексон и колегите опишуваат како ги анализирале цементните примероци од римските докови, брани и пристаништа.

Претходно откриле честички од вар во цементот кои за изненадување го содржеле минералот алуминус тоберморит - ретка супстанца која тешко се прави.

Џексон вели дека минералот кој се формирал на почетокот на историјата на цементот, како и вварта, морската вода и вулканската прашина заедно реагираат на тој начин што создаваат голема топлина.

Но, сега Џексон и истражувачкиот тим откриле нешто друго. - Му се вративме на цементот и најдовме обилни количини тоберморит, кој е проткаен низ целата структура на цементот, често заедно со уште еден минерал, филипсајт, вели таа.

Таа додава дека ги довело до откривање на друг процес кој се случувал. Со текот на времето, морската вода која влегувала низ цементот ги топела вулканските кристали и сталка, а на нивно место се кристаризирале алуминус тоберморитот и филипсајтот.

Овие минерали, велат авторите, помагаат да се зацврсти цементот, спречуваат пукнатините да се шират, а структуратат станува се поцврста со текот на времето, онака како што минералите во цементот растат.

Наспроти ова, модерниот цемент, кој е на основа на Портланд цементот, не е наменет да се менува откако ќе се стврдне - што значи дека било каква реакција со материјалот ќе предизвика штета.

- Мислам дека истражувањето отвори сосема нова иднина како треба да се прави цементот - дека она за кое мислевме дека процесите на кородирање можат всушност да создадат екстремно кроисен минерален цемент и кој ќе води до уште поголема отпорност, всушност, кој ќе стане уште поотпорен со текот на времето, вели Џексон.

Ова откритие нуди детали за рецепт за цемент кој нема да се заснова на високи температури и јаглерод диоксидот кој се создава во модерните цементи, туку ќе овозможи и планови за конструкција на материјал кој ќе се користи во морска средина. Џексон и претходно тврдела дека римскиот цемент треба да се користи за да се изгради браната за лагуната во Свонси.

- Постојат многу примени на ова, но потребно е уште многу работа за да се направат вистински мешавини. Ние почнавме да работиме, но потребни се уште многу фини прилагодувања да се направат, вели Џексон. - Предизвик е да се развијат методи кои ќе користат вообичаени вулкански производи, а токму тоа сега и го правиме, додава таа.