Зошто не можете да престанете да слушате балади

Тажните песни некако полесно допираат до срцето на слушателот, а сега научниците дадоа и објаснување зошто е тоа така.
Како што објави „Хафингтон Пост“, научниците наведуваат три причини поради кои е во ред постојано да ги преслушувате вашите омилени балади.
1. Тажната музика смирува
Кога сме под стрес најчесто ги бираме баладите. Истражувањата покажале дека слушањето тажни песни создава позитивна енергија и смирува.
Според истружувањето, луѓето кои слушаат ваков вид на музика се соживуваат со тагата на другите, како на пример, прекин на љубовна врска.
2. Поради тажните песни плачеме, но тоа може да биде добра терапија
Ако плачете на песни, не мора да се чувствувате лошо. Токму спротивно.
Кога добро ќе се исплачете го исфрлате целиот насобран стрес во вас. Истржувањата покажуваат дека луѓето кои плачат се чувствуваат подобро по 90 минути.
3. Нашиот мозок ги препознава песните и спомените од нив
Преку музиката се поврзуваме, така многу емоции и спомени излегуваат на површина. Кога преслушуваме одредена песна неколку пати, мозокот создава слика и одредена ситуација.
Со други зборови кога ќе ја пуштиме повторно, го повторуваме кругот на спомени.
Ново на Сител
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
-

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на когенеративните капацитети на „TESSA Energy“
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
