Бизнис
5. April 2021 - 16:53

Зошто државниот врв не се вакцинира?

Нема приоритет за државниот и политичкиот врв. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев ќе се вакцинираат  кога ќе им дојде редот. Не бираат со која вакцина. Пендаровски ги уверува граѓаните да не се сомневаат и да не бираат со која - се што е увезно кај нас е 100 % проверено.

- Ова го велам затоа што постојат контроверзии за различни видови на вакцини и можам да ве уверам дека се што е одобрено во нашата држава од надлежен авторитет и власт е проверено. Сите вакцини што се увезени и се аплицираат врз нашите граѓани се 100 проценти проверени, исто како да се вакцинирате во која било европска држава, изјави Стево Пендаровски, претседател на државата

Премиерот Заев пак вели дека кога ќе дојде неговиот ред за вакцина ќе биде пример и ќе ги охрабри оние кои се мислат дали треба или не да се вакцинираат – Единствен излез од панедимијата, според Заев е токму вакцинацијата

- Ќе бидеме пример. Сакаме да се испочитува редот. Ќе дојде и мојот ред. тогаш кога ќе биде потребно да се охрабрам оние кои се мислата, а не треба да се мислат. Вакцината е победата на пандемијата. Не сакаме да нарушиме било каков ред заради функцијата. Да го почитуваме редот, изјави Зоран Заев, премиер.

Откако пред една недела Пендаровски ја обвини државата  дека треба да се срами што доцнат вакцините и граѓаните морале да се вакцинираат во Србија, претседателот  денеска го омекна ставот. Среќен е што конечно почна  имунизацијата кај нас. Вели - процесот не смее да запре а овој месец очекува да биде месец на масовна имунизација.