-->
-->
Зошто без Ројс во Франција?!
-->

Селекторот на актуелниот светски првак Германија, Јоаким Лев, го објави конечниот список на играчи кои ќе настапа на ЕУРО 2016, кое во Франција ќе се одржува од 10. јуни до 10. јули.
Лев пред десет дена објави список на кои имаше 27 имиња, а во вторникот од него пречкрта четири имиња.
Големо изненадување претставува одлуката на Лев од листата на патници за Франција да го изостави крлиниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.
Изоставувањето на Ројс, кој во вторникот наполни 27 години, Лев го образложи со здравствените проблеми кои ги има фудбалерот. Лекарскиот тим на репрезентацијата на Лев му ставил до знаење дека се скептици околу неговата рехабилитација, без да прецизираат за каква повреда станува збор.
Покрај Ројс, Лев им се заблагодари на фудбалерите на Баер Леверкузен Јулијан Бранд и Карим Белараби и на Себастијан Руди од Хофенхајм.
Инаку, Лев ја изненади јавноста и со повикот за Швајнштајгер, кој од март месец, поради повреда, не одигра ниту еден меч за Манчестер Јунајтед.
Германија на ЕУРО 2016 се наоѓа во Групата Ц заедно со селекциите на Украина, Полска и Северна Ирска. Првиот меч Германците ќе го одиграат на 12. јуни против Украина.
Изборот на Лев за ЕУРО 2016:
Голмани: Нојер (Баерн), Тер-Штеген (Барселона), Лено (Баер Леверкузен)
Одбрана: Мустафи (Валенсија), Емре Џан (Ливерпул), Боатенг (Баерн), Хектор (Келн), Хумелс (Борусија Д.), Ридигер (Рома), Ховедес (Шалке), Кимих (Баерн)
Среден ред: Кедира (Јувентус), Крис (Реал), Езил (Арсенал), Швајнштајгер (Баерн), Геце (Баерн), Ширле (Волфсбург), Дракслер (Волфсбург), Сане (Шалке), Вајг (Борусија Д.)
Напад: Милер (Баерн), Гомез (Бешикташ), Подолски (Галатасарај).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Годинава конечно се започнува со конзервација на црквата на Трескавец и заштита на Македониумот во Крушево
-

Подигнување на свеста за одговорно сопствеништво едно од решенијата за проблемот со кучињата скитници
-

Над јужен Израел паднаа ирански ракети: Израелците возвратија со контра напад кон иранската револуционерна гарда
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
