Зошто Арнаутовиќ го пцуеше Алиоски?
По постигнатиот гол, Марко Арнаутовиќ наместо да му се израдува на погодокот, тој се нафрли со пцовки кон Езгјан Алиоски, иако на почетокот се чинеше дека тоа му го прави на голманот Димитиревски. Бесот го истури со гол, но и тешки зборови.
Арнаутовиќ беше стрелец на третиот гол за Австрија во нивната победа над Македонија од 3-1. Австријскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради неговиот испад.
Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го праеше се додека Алаба не притрча да го смири.
Многумина се прашаа зошто е овој испад на Арнаутовиќ. Некои англиски медиуми тврдат дека се работи за нерасчистени сметки меѓу двајцата фудбалери од сезоната во Чемпионшип кога Алиоски играше за Лидс, а Арнаутовиќ за Стоук.
Ново на Сител
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир