Зорница Русинова избрана за нов министер за труд на Бугарија
Бугарскиот Парламент денеска ја избра Зорица Русинова за нов министер за труд и социјална политика на Бугарија, откако преходно од оваа должност го разреши досегашниот министер и вицепремиер Ивајло Калфин.
Како што јави БТА, од вкупно 211 присутни пратеници на седницата, 135 гласаа „за“, 68 „против“, а осум беа воздржани. За избор на Русинова беа потребни најмалку 121 глас.
Бугарското Народно собрание гласаше и за структурни промени во Владата, со кои сега таа ќе има три вицепремиер, наместо досегашните четири.
Пратениците ја усвоија и оставката на Ивајло Калфин како пратеник во Собранието.
Пред гласањето, Русинова изјави дека за неа социјална политика има три принципи - дијалог, активност и емпатија и нагаси дека ќе ги следи за време на нејзиниот мандат.
Русинова, исто така, му се заблагодари на Калфин за реформите во оваа сфера што тој ги започна како министер.
Калфин пдонесе оставка на функцијата на 10 мај, откако неговата партија Алтернавива за бугарска преродба (АБВ) најави дека ќе ја напушти владината коалиција.
Ново на Сител
-
Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
-
18-годишник повреден од огнено оружје донесен во Ургентен центар на Клинички
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!