Македонија
12. December 2016 - 16:28

Зоран Заев вети дека ако изгуби ќе поднесе оставка, ќе си остане ли на зборот?

10тата победа за ВМРО-ДПМНЕ иако тесна сепак значи добивање на мандатот за состав на новата влада. Со 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и 10 за ДУИ, изборниот резултат значи дека двете владејачки партии можат сами да ја состават и идната влада.

По повеќе од 2 години црна кампања, објавување на прислушувани телефонски разговори, насилни протести и блокади, од партијата на Груевски се задоволни што освоиле речиси идентичен број на гласови како во 2014та. Во амкедонскиот гласачки кампус разликата помеѓу двете партии и натаму изнесува приближно 100.000 гласа.

Резултатот пак кој го постигна СДСМ според податоците од ДИК главнос е должи на масовната поддршка за Заев од албанскиот електорат. Предизборните ветувања за двојазичност и кантонизација донесоа над 70.000 албански гласови на контото на СДСМ.

Дека најголема победа СДСМ извојува во етнички албанските средини потврдуваат и бројките но и самото партиско раководство. Мухамед Зекири на својот фејсбук профил се пофали со победата на СДСМ пред албанските партии во чисти албански етнички средини. Во Арачиново  со 2060 гласа наспроти 1433 за ДУИ. Во брест со 108 наспроти ДУИ со 92. Студеничани со 1300 гласа за СДСМ и 800 за ДУИ. Инетерсно е што СДСМ ја освои и поддршката на Диво НАсеље , кумановската населба каде во 2015та загинаа 8 припадници на макеоднските безбедносни сили.

Неизвесно е што ваквиот изборен резултат ќе предизвика на Бихаќка имајќи предвид дека Заев во неколку последователни изјави тврдеше дека само еден пратеник помалку од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи крај за неговата политичка кариера. Во интервју за Телма тој изјави дека доколку СДСМ загуби на изборите тој ќе си поднесе оставка од лидерската и градоначалничката функција.

По изборниот пораз на локалните избори во 2013та оставка од кормилото на СДСМ си поднесе тогашниот лидер Бранко Црвенковски.