Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
Зоран Николов успеа да го совлада највисокиот врв во Европа – Елбрус (5.642 метри надморска височина), сместен на планинскиот масив Кавказ во Русија, информираат од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, чиј член е Николов.
- Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови, истакнуваат претставници на кочанскиот ПСК „Осогово“.
На подвигот на Зоран Николов му претходела десетдневна експедиција и овој негов најнов успех е резултат на континуитетот во планинарењето.
Претходно, тој има значајни искачувања на Ерменија, врвот Арарат во Турција, на масивот Памир во Киргистан, на Алпите во Швајцарија, Италија и Франција, како и на врвот Аконкагва во Аргентина.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата
-
Земјотрес почувствуван во Македонија