Зоран ја заборави Јелена - по една година од смртта си најде нова љубов
Година дена од смртта на пејачката Јелена Маријановиќ, нејзиниот сопруг Зоран повторно е заљубен.
Како што пишува магазинот Стар, Зоран од неодамна е во врска со пејачката која контактирала со него за соработка.
- Зоран преку Фејсбук се јавил на пејачката која сака со него да соработува. Тој таа порака ја видел тел пред месец дена пред годишнината од смртта на Јелена и не сакал да се допишува. Само и побарал контакт за да се видат и да разговараат за соработката, вели извор за магазинот.
Потоа тој објаснува што понатаму се случувало.
- Таа е од Србија, има 26 години и атрактивна е. На првата средба бликнала искра, а двајцата се воздржувале од покажување на емоциите бидејќи се плашеле од реакциите на јавноста. На човекот очигледно му годи нејзиното внимание. Таа многу личи на покојната Јелена, но Зоран се уште не ја има запознаено со неговата ќерка, завршува изворот.
По оваа изјава, еве што вели Зоран.,
- Моите рани се уште свежи, не сакам за такви работи да зборувам во медиумите, покрај се што проживеав, не знам воопшто дали било што да зборам за својот приватен живот, рекол Зоран.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар