Спорт плус
23. February 2018 - 10:59

ЗОИ: Злато и сребро за Канада во „ски-крос“

 
Во дисциплината на „ски-крос“  првите две места ги освоија канадските натпреварувачки. 
 
Келси Серва среброто од Сочи пред четири години го претопи во злато, оставајќи ги зад себе сонародничка Британи Фелан и трето пласираната Фани Смит од Швајцарија.
 
Ова беше и последната дисциплина со слободно скијање на игрите, а Канада со четири злата, две сребра и еден бронзен медал, е најуспешната земја во овој спорт.