Спорт плус
21. February 2018 - 7:25

ЗОИ 2018: Италијанката Гоџа златна во спустот

Италијанската скијачка Софија Гоџа освои златен медал на Олимписките игри во Пјонгчанг откако денеска беше најбрза на спуст патеката. Таа постигна време од 1:39.22 минута и за 9 стотинки беше побрза од второпласираната Рагнхилд Мовинкел од Норвешка (1:39.31).
Фаворитката за златниот медал Американката Линдзи Вон мораше да се задоволи само со бронзениот медал откако имаше заостанување од 47 стотинки зад победничката. Вон остана само со златниот медал освоен пред 8 години во Ванкувер.
За Италија ова е прво злато во спуст во женска конкуренција.
- Многу сум горда на резултатот. Бев доволно фокусирана. Вообичаено сум многухаотична, но сега го предвидов секој детаљ. Верував во себе, изјави новата олимписка шампионка.