-->
-->
Знаете ли колку заработуваат вработените во Фејсбук?
-->

Дизајнери, инженери, менаџери, девелопери, и многу други луѓе на работни места кои не ги гледаме а се екстремно платени.
На прво место на листата на најплатени работни места на Фејсбук е местото на менаџер инженерот, а негова задача е да работи со тим инженери на изградба и управување на специфични производи. Ова работно место "чини" 166.661 долари.
Веднаш после него е софтвер инженерот кој заработува дури 160.638 долари, а тоа се луѓето со најдолго искуство во компанијата. Плати од 158.080 долари имаат "обични" софтвер инженери, кои имаат искуство до 10 години работа.
Четврто најплатено работно место е продукт менаџерот со 147.469 долари пишува Бизнис Инсајдер.
По него следи позицијата на техничкиот програм менаџер кој води основни тимови за управување различни производи на компанијата а има приход од 146.282 долари.
Инженерите на бази податоци заработуваат 141.635 долари а научниот истражувач заработува 137.134 долари. Листата на најплатени луѓе ја заклучува четвртиот софтвер инженер кој месечно заработува по 136.844 долари и фронт-енд инженер со примања од 136.131 долари..
За овие работни места постојат јавни податоци за нивната заработка, што значи дека постојат одредени личности и работни места во компанијата чија плата е строго чувана тајна, тие цифри не се објавуваат, пренесува телевизијата Н1.
Износите на платите се суми во кои не се пресметани бонуси и бенефиции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка
-
Шредер МВП на Евробаскет 2025
-
Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели на скопскиот аеродром
-
Притвор за управителот и уште три лица за пожарот во Трубарево
-
Санкционирани 105 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон
-
Гувернерот на Јута вели дека мотивот за пукањето во Кирк е сè уште нејасен, но осомничениот имал левичарски ставови
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата