Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер
Прекумерното јадење шеќер може да има бројни здравствени последици, како што се зголемена телесната тежина, проблеми со спиењето, со варењето, или кариес... Но, не сите шеќери ги имаат истите одлики. Во таа смисла, се советува да се внимава на состојките во јадењата, на пр. да се бира непреработена храна и да се носат поздрави одлуки околу исхраната.
Фруктозата што се наоѓа во овошјето и зеленчукот, и лактозата во млечните производи - се природни шеќери за коишто не треба да има грижи, бидејќи таквата храна содржи и влакна и калциум. Додадените шеќери што често се наоѓаат во преработената храна, се оние што треба да се избегнуваат, а многумина консумираат премногу од нив. Додадени шеќери се сè она што се додава во храната за да биде послатка, вклучително и природни шеќери како мед и јаворов сируп, пишува „Евридеј хелт“ (Everyday Health).
- Иако некои додатоци можеби се поприродни од обичниот шеќер, тие можеби придонесуваат со калории, но не и со значителни количини на витамини и минерали, појаснува диететичарката Џесика Кординг.
Следат неколку знаци коишто телото ни ги испраќа ако внесуваме премногу додаден шеќер:
1. Зголемен апетит, глад и покачување на телесната тежина
Шеќерот ги задоволува нашите сетила за вкус, но не и нашиот стомак, според нутриционистката Кери Стонер-Дејвис. Без протеини, влакна и здрави масти, телото брзо го согорува шеќерот, што доведува до зголемена глад.
2. Раздразливост
И за чувство на нервоза и раздразливост, причината може да биде премногу шеќер. Истражувањата покажуваат дека превисоко ниво на шеќер може да го влоши расположението - до симптоми на депресија, како и да предизвика воспаленија...
3. Замор и недостаток на енергија
Бидејќи телото брзо го апсорбира шеќерот, и чувството на замор може да биде последица на премногу шеќер во исхраната.
4. Недоволно слатка храна
Ако храната веќе нема вообичаено сладок вкус како порано, и тоа може да биде знак дека внесувате премногу шеќер, а телото развило толеранција на високо ниво на слаткост.
5. Желба за слатки
Прекумерното внесување шеќер може да доведе до зависност. Така е зашто шеќерот го активира центарот за задоволство на мозокот, зголемувајќи го нивото на допамин, што потоа ја поттикнува желбата за слатки.
6. Висок притисок
Истражувањата покажуваат дека прекумерниот внос на засладени пијалаци има битна и значајна поврзаност со високиот крвен притисок.
7. Акни и брчки
Прекумериот внос на шеќер може да придонесе за појава на акни, а долгорочно може да предизвика и предвремено стареење на кожата. Тоа е така бидејќи шеќерот лачи непотребни материи што поттикнуваат стареење на кожата.
Ново на Сител
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот