Значително намалување на сообраќајните незгоди во државата, за 36 отсто намален бројот на жртви
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи деновиве спроведува засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово, а во текот на вчерашниот ден (24.12.2020) санкционирани се 96 возачи, од кои 14 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила..., соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Куманово. „Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.
Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на
сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Куманово е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, особено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 80 отсто, а вкупниот број на
собраќајни негоди е намаен за 37 отсто. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци