-->
-->
Значајна победа на Селта за место на евро-сцената
-->
Екипата на Селта Виго ја победи Гранада со 2:1, со што остана во трка за местата на табелата во Примера кои носат настап на европската фудбалска сцена следната сезона.
Во последниот натпревар со кој е комплетирано 35.коло во фудбалското првенство на Шанија, творец на победата на Селта пред домашната публика беше Иаго Аспас кој ги постигна двата гола, додека голот за Гранада беше дело на Јусеф Ел Араби.
На три кола до крајот на првенството, Селта е на петото место со 57 бодови, четири помалку од Виљареал кој во монетот е на 4.место кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Гранада е на 17.место со само еден бод повеќе од Спортинг Хихон и Хетафе, односно четири повеќе од последно пласираниот Леванте, екипи кои се во опасната зона за испаѓање од Примера
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети