Живот
21. August 2015 - 19:27

Змиско гнездо на покривот од куќата - Семејството во шок

Откако слушнале чудни звуци на кровот, семејство од Квинсленд мислело дека ќе им се сруши куќата. За секој случај прво повикале ловци на змии да го проверат таванот.

Тие пронашле два питони од по четири и пол метри кои агресивно се бореле за простор, додека уште два помали питони од по три метри набљудувале.

Леглото на питони сигурно било на кровот подолго време пред да го привлече вниманието на домаќините.

Иако питоните не се отровни, имаат остри заби и голема сила.