Змијанац: Не смее да има амнестија од одговорност, ова денес е масовна злоупотреба на деца
Во вечерашното гостување на првиот човек на Меѓаши во Тема на денот на Сител кажа дека знаеме што е извидништво, сите сме биле да поставуваме шатори, да го засилиме физичкиот, ментален и духовен развој на младите луѓе, да кампуваме, но ова е навистина загрижувачки. Не смее да има амнестија од одговорност говорејќи за скандалозниот извиднички настан во скопско.
Тој ги охрабри дојавувачите да бидат во што поголем број, затоа што масовната злоупотреба на деца не смее да помине неказниво.
-Апелирам до родителите во иднина да не даваат согласност, да побараат агенда за настаните и средба со организаторите, да бидат многу мобилни и во директен контакт со децата, вели Змијанац и додава дека со притисок на медиумите и детската амбасада, ќе се донесе правична одлука.
-Бараме одговорност од ЈО и МВР и апел до засегнатите деца да се јават на нашите оператори за да им дадеме прва психолошка помош.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава