Змии ја запреа изградбата на фабриката на Tesla близу Берлин
Змиите кои се во хибернација во овој период од годината, ги искомплицираа плановите на американскиот милијардер Илон Маск во врска со изградбата на погонот во близина на Берлин.
Административниот суд во Франкфурт и наложи на компанијата Tesla да престане со уништувањето на шумaтa на локацијата планирана за изградба на фабриката во Грунхајд, откако еколозите предупредија дека масовната сеча на дрва може да ги загрози змиите кои хибернираат.
„Прво ќе биде консултирана Државната управа за заштита на животната средина (Landesumveltamt), но и Tesla, а потоа ќе ја процениме ситуацијата“, велат од Управниот суд во Франкфурт.
Дозволата на Tesla да започне со изградба на првата европска фабрика и центар за проектирање зависи од условното одобрување на локалните власти надлежни за урбанистичкиот план, кои се должни да се консултираат со домашните еколошки организации и заедницата.
Активистите за заштита на животната средина од организацијата NABU за Reuters велат дека станува збор за видот Coronella austriaca (кај нас познат како смок) кој можеби хибернира во земјата на таа локација и дека сечењето дрвја може да ја наруши нивната хибернација. Локалните власти ги разгледуваат и тврдењата на NABU дека уништувањето на шумите од страна на Tesla може да го загрози живеалиштето на песочниот гуштер (Lacerta agilis).
Изградбата на фабриката беше најавена уште минатиот ноември, а според плановите, треба да биде изградена и пуштена во употреба до 1 јули 2021 година. Во неа треба да се произведува електричниот кросовер Model Y.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија