-->
-->
"Златниот Гонг" 46 боксери од 9 земји
-->
Боксерската федерација под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на Спортски федерации, ќе биде организираат 45. издание на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, а воедно и трет најстар боксерски турнири во Европа - "Златен Гонг", кој ќе се одржи на 13 и 14 ноември во СЦ "Борис Трајковски"
Влогот на многумина низ изминативе 45 години во организирањето на овој настан придонесе "Златниот Гонг" да прерасне во спортски настан кој го промовира нашиот град и нашата држава, оставајќи траен белег низ спортот. Со задоволство можам да констатирам дека посветеноста и заложбата на сите страни вклучени околу организацијата на овој настан, го издигна "Златниот Гонг" на ниво на домашен спортски бренд од светски размери, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески
Годинава "Златниот Гонг" ќе го потврди квлаитетот. Ќе уќествуваат 46 натпреварувачи од 9 земји, кои досега се потврдени: Англија, Албанија, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Романија, Велс и Македонија. Се чека дополнителна потврда од натпреварувачите од Босна и Херцеговина и Бугрија.
Македонската селекција ќе ја сочинуваат 5 боксери, кои ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари и тоа, најпрестижниот Златен Гонг за најдобар боксер, пехар за најдобар техничар и пехарот за најдобар македонски боксер.
Традиционалниот турнир во бокс претставува едно од најголемите и најстарите натпреварувања во Европа. Од одржувањето на првиот "Златен Гонг" во 1969 година (во 1988 год. турнирот не се одржа), на неговиот ринг продефилираа најпознатите поранешни Југословенски боксери почнувајќи од Мате Парлов, првиот освојувач Звонко Вуин, па се до легендите на македонскиот бокс - Реџеп Реџеповски, Мухамед Алија, Азис Салиху, Аце Русевски, Вели Мумин, Примислав Димовски и една плејада одлични боксери и освојувачи на „Гонгот" од светските велесили Куба, Русија, Бугарија, Србија, Италија и други.
Традиционално, главен покровител на овој настан е Агенцијата за млади и спорт, која годинава одвои 900.000 денари за организацијата на овој боксерски турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ