-->
-->
Златната топка за Меси
-->

Лионел Меси е најдобриот фудбалер за 2015 година во изборот на ФИФА. Аргентинецот на тронот го наследи Кристијано Роналдо кој во изминатите две години ја добиваше оваа престижна награда.
На гала церемонијата која се одржа во седиштето на ФИФА во Цирих, Меси петти пат во кариерата ја освои „Златната топка“, претходно беше прогласуван за играч на годината во периодот од 2009 до 2012 година.
Меси во 2015 година со Барселона успеа да освои пет од можните шест клупски трофеи, а со репрезентацијата на Аргентина играше во финалето на Копа Америка.
Изминатата година Аргентинецот за Барселона и националниот тим одигра 61 натпревар, постигна 52 гола и запиша 26 асистенции.
Меси наградата ја осови пред Кристијано Роналдо и соиграчот од Барселона Нејмар.
Тројцата најдобри за 2015 година го предводат нападот на идеалниот тим на ФИФА:
Нојер (Баерн) – Дани Алвес (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Серхио Рамос (Реал), Марсело (Реал) – Модриќ (Реал), Иниеста (Барселона), Погба (Јувентус) – Нејмар (Барселона), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Реал).
Во женска конкуренција „Златната топка“ ја освои Карли Лојд, која ја предводеше репрезентацијата на САД до светската титула.
Луис Енрике, кој ја предводеше Барселона до петте трофеи е прoгласен за најдобар тренер во машка конкуренција, за него останаа Пеп Гвардиола и Жорге Сампаоли, додека во женска конкуренција наградата и припадна на селекторката на САД, Џил Елис.
Вендел Лира, фудбалерот на Гоианесија, ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол кој е постигнат изминатата година. Бразилецот победи во конкуренција на Алесандро Флоренци и Лео Меси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
