Златна „Камера 300“ за унгарскиот кинематографер Маќаш Ердели

Унгарскиот кинематографер Маќаш Ердели во чии раце беше камерата во филмот „Синот на Саул“ е годинашен освојувач на наградата златна „Камера 300“ – највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.
Со одлука на меѓународното стручно жири предводено од режисерот Ришард Ленчевски, сребрената „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Адам Аркапо кој учествуваше во филмот „Магбет“, додека за камерата во филмот „Земја и сенка“, бронзена „Камера 300“ доби кинематограферот Матео Гусман.
Пред филмофилите во Битола беше доделена и специјална награда која му беше врачена на кинематограферот Мортеза Геиди од Иран за филмот „Нахид“, додека пак „Мала златна камера 300“ за најдобар краток филм доби Горан Наумовски за филмот „Долу од рајот“.
На 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ за прв пат беа доделни наградите „Бона Деа“ и „Златен Манаки“. Во програмата „Нов европски филм“, наградата „Бона Деа“ за најдобра фотографија ја доби португалецот Васко Вијана кинематографер на филмот „Планина“, а наградата „Бона Деа“ за најдобар филм беше доделена на екипата што го сними филмот „Овни“. Во програмата „СЕЕ Камера“ наградата „Златен Манаки“ за најдобар кинематографер ја доби словенецот Милош Срдиќ за филмот „Шумите се сеуште зелени“, додека награда „Златен Манаки“ за најдобар филм беше доделена за турскиот филм „Сивас“.
Ноќта на награди и признанија за високи достигнувања во светската кинематографија ја одбележаа и посебните гости на фестивалот, чешкиот кинематографер Јаромир Шофр и српскиот режисер и кинематографер Божидар Бота Николиќ кои добија награди златна „Камера 300“ – за животно дело.
- Тоа што го доживеав во Битола е наверојатно. Јас 47 години ја работам оваа работа и мора да ви кажам дека нема нити една место во светот каде што кога ќе излезете на улица ќе ве застанат и ќе ве прашаат за камерата и снимањето на еден филм. Битола е единственото место на светот каде што наместо за некој актер или за филмот ќе ве прашаат за кинематографијата и кинематограферите и затоа е значаен овој голем фестивал, истакна гостинот од Србија Божидар Бота Николиќ за време на синоќешното свечено затворање на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Ново на Сител
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
