Зла судбина на едно семејство го потресе регионот: Александар загина со мотор, мајка му кога ја слушна веста, но трагичната низа продолжи

Александар Антонијевиќ (29) настрада во сообраќајна несреќа кај Свилајнац. Кога на Добрила и ги пренесоа трагичните вести, доживеа срцев удар. А на Александар му починаа синовите од 3 и 9 години.
-Згасна малд живот! Имаше само 29 години. Немам зборови за да ја опишам оваа тага. Што да кажам?! Ми бепе син единец. Имам две чрки од другиот брак. Мајката на Ацо, Добрила инаку мојата прва сопруга, почина од срцев удар, саат два откако и јавија дека Ацо настрадал.
Ова низ солзи го раскажува Момир Антонијевиќ, родум од Суботица, чиј син Александар во средата настрада во сообраќајна несреќа. Тој возејќи се со мотор се забил во електричен столб бо Бобово кај Свилајнац деодека одел кон куќата на својата мајка Добрила Симиќ, која живееле Проштинац.
-Слушнав дека наводно го бркала полиција зошто немал регистриран мотор. Знам дека имаше дозвола. Велат дека не возел многу брзо, но, за да го избегне автомобилот кој од спротивна насока му ја „исекол“ кривината, се лизнал на тревата и удрил во електричен столб. Повикаа итна помош, но почина пред да дојде лекарската екипа на самото место, раскажува таткото на Александар Момир.
Тој вели дека не знае дали тоа е судбина или нешто друго, но ова семејство претрпе тешки трагедии и тоа за многу кратко време.
Двајцата синови на Александар биле родени со втор степен на парализа. Едниот во 2016 година починал на само 3 ипол година, а другиот пред два месеци на свои 9 години.
-Александар за жал имаше многу тешко детство, со мајката која беше болна. Целиот живот му беше исклучително тежок. Имаше психички проблеми. Ацо се ожени многу млад и набрзо доби две деца, но и двајцата синови му беа болни. Ќе го паметам по добрината и насмевката. И покрај сите лоши работи што му се случија и тагата поради неподвижните синови, кои млади починаа, секогаш беше насмеан, вели роднина на Антонијевиќ.
Александар со сопругата Сабрина живеел во изнајмен стан. Бил невработен, работел за надница, а му помагале и таткото и вујкото. Тој и неговата мајка денеска ќе бидат погребани на горбиштата во Проштинац.
Ново на Сител
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
-

Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме
-

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал
