Балкан
16. October 2015 - 9:52

Зла судбина: Брзала дома кај внукот и загинала

Даниела Пантиќ (46) од Бачка Паланка загина вчера на автопатот Белград - Нови Сад кога нејзиното комбе во кое била совозач удрило во возило со работници. Во несреќата жената загинала на самото место, а повредени и тројца работници и возачот на комбето.

Страотниот судар се случил околу 11.30 часот, на 2,5 километри од Батајничката обиколница на автопатот кон Нови Сад.

Заробено тело

-Комбето на фирмата „Фунгиленд“ од Бачка Паланка со кое управувал Д.М. (31), удрило со голема брзина во камиончето „Белград пат“. Тројца од работниците се полесно повредени, како и возачот на комбето кои се пренесени во Клиничкиот центар во Земун, додека телото на настраданата Даниела од смачканото комбе го извлекувале пожарникарите, велат извори од истрагата.

Комбето првично удрило во неколку сообраќајни знаци, а потоа во патарите кои поставувале сигнализација. Од смачканото возило излегол само возачот. Се држел за глава кога ја видел мртвата сопатничка. Повредените работници се жалеле на болки во главата и во грбот.

Очувот на Даниела Саво и братот Владо Дениќ од Борча дошле во моментот кога пожарникарите го извлекувале нејзиното тело.

-Беше неколку дена кај нас. Се договори со Д.М. да си оди дома, вели Владо, брат на настраданата жена.

На гости кај братот

Тој објаснува дека возачот на комбето е кум на зетот на Даниела. Таа живеела со семејството во близина на Бачка Палнка.

-Млада се омажи, доби син и ќерка, и сега од ќерката има внуци. Се брзаше да се врати дома, иако сакав да остане уште еден ден за заедно да го прославиме мојот роденден во петок. Меѓутоа таа инсистираше да оди, па да оди, раскажува нејзиниот брат со солзи во очите.

Karambol... Kombi se zakucao u kamionet sa putarima, Danijela na mestu mrtva

Ризично за патарите

Работниците од „Белград пат“ само од чиста среќа не се потешко повредени, а колку е ризична нивната работа говори и податокот дека пред 5 месеци еден нивен работник е потешко повреден.

-Станува збор за работник кој косел трева и кој се уште се нема опоравено. Нашите работници на автопат се како глинени гулаби и многу е тешко да се најдат работници поради ризичната работа, велат од таму.