Живот
19. September 2016 - 13:53

Зимско сметање на времето - Стрелките на часовникот одат еден час назад

Зимското сметање на времето оваа година ќе почне на 30 октомври, во 3 часот по полноќ кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Иако денот се уште трае до 19 часот, како што доаѓа зимата, се порано се стемнува, а зимското сметање на времето дополнитено ќе придонесе за тоа.

Денеска е понеделник, 19 септември 2016 година, 263-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 103 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 18 часот и 37 минути.

Денов трае 12 часа и 20 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 20 часот и 30 минути, а ќе зајде во 9 часот и 9 минути.