Зимски саем на книга во „Матица“ од утре до 31 јануари

Клубот Матица од утре до 31 јануари ќе го организира 17. зимски саем на книга „Книга во секој дом“, кој годинава е збогатен со новиот слоган „Купи и прочитај книга, остави нешто зад себе“.
„Матица“ најави голем избор на книги, за сечиј вкус и по цени за сечиј џеб - белетристика, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, енциклопедии за деца и возрасни, духовна литература, поезија, креативни и друштвени игри...
- Ова е дел од понудата која годинава ќе биде збогатена и од партнерите Делфи и Лагуна од Белград, Парагон и Орион од Лондон, соопшти „Матица“ и посочи дека ќе бидат достапни со цени прилагодени на македонскиот книжевен пазар.
За времетраењето на Саемот ќе има автори-домаќини кои ќе ги презентираат и потпишуваат своите најнови дела. Како што најави „Матица“, на 21 јануари автор-домаќин ќе биде Ана Бунтеска, а следни автори-домаќини ќе бидат: Ксенија Николована (22 јануари), Јелена Бачиќ-Алимпиќ (23 јануари), Јован Илиевски (24 јануари). До 31-ви, автори-домаќини ќе бидат и Зорица Петковска, Евгениј Хоуп, Илина Ведран, Ана Јовковска, Верче Карафилоска....
- И за овој Саем, Клубот Матица останува на традицијата „...и нови, и саемски“, или секој ден по еден нов наслов со саемска цена, а публиката ќе има можност да се насладува на убавите зборови и мисли со најновиот роман од италијанската трилер сензација Донато Каризи „Господар на злото“, „Волци и ангели“ од Сепо Јокинен, „Мрачни тајни“ од Ханс Розенфелд, најновите дела на Неле Нојхаус, Роберт Херис, Линвуд Баркли, Манфреди, Лусинда Рајли, унгарскиот нобеловец Шандор Мараи, скандинавскиот книжевен феномен Кирс Копланд и многу други, соопшти „Матица“.
Во пресрет на Саемот на книга, Дејан Павлевски од „Матица“ изјави дека радува податокот што од година во година бројот на читателската публика се зголемува.
- Од статистичките податоци во изминативе години изразен е зголемениот број на читатели во нашата држава, а радува податокот што сè повеќе млади луѓе ги посетуваат книжарниците и сакаат да имаат книга повеќе во своите домашни библиотеки, рече Павлевски.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
