Зијадин Села: Македонците кои го запалија моето знаме се примитивни, фрустрирани варвари
- Силно го осудуваме палењето на албанското национално знаме во центарот на Скопје од страна на македонски демонстранти во знак на протест поради прашањето за името со Македонија со Грција, изјавил лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, откако група на провокатори за кои организаторите се сомневаат дека се намерно уфрлени, го запалија албанското знаме на протестите на 27. февруари
- Овој скандалозен и варварски чин го покажува примитивизмот на некои Македонци кои секогаш се обидуваат да ги излечат своите политички фрустрации со горење на албанското знаме и навредување на невини Албанци, додава Села, пренесува порталот на албански јазик „Илирија Њуз“.
Села го повика МВР и заменик-министерот од редовите на ДУИ Агим Нухиу побрзо да го пронајдат сторителот на овој вандалски чин.
Претходно, македонското знаме во неколку наврати беше запалено во Косово и Албанија но за ваквиот варваризам и примитивизам немаше реакција ниту од официјалнтие државни институции, а ниту од политичките партии во Македонија.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање