Зигмар Габриел не верува во скоро членство на Турција и Украина во ЕУ
Украина и Турција нема да станат членки на Европската унија во блиска иднина, најави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел во интервју за медиумската група „Функе“.
Според него, треба да се бараат алтернативни форми за поблиска соработка со тие држави.
- Ако успееме да постигнеме разумен договор, што ќе ги регулира односите на Велика Британија со Европа по Брегзит, тоа може да биде примерот по кој можат да се уредат односите со членки кои не се во ЕУ, како на пример со Украина или за Турција, изјави министерот.
Во однос на Турција тој не исклучи можност да се стигне до поблиска форма на царинска унија, но нагласи дека тоа не може да се случи додека во Турција не се промени состојбата. Според германскот МНР, во затвори во Турција се повеќе од 50 германски државјани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица