-->
-->
Зидан: Топката не сакаше во гол
-->
Европскиот и шпански првак Реал Мадрид дуелот од 5.коло од Примера вчера на домашен терен со Бетис го загуби (0:1) откако прими гол во судиското продолжение од вториот дел. Победата на Бетис и ја донесе Антонио Санабрија со голот во 90+4 минута, но тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е со свое видување за поразот.
- Не одигравме добар натпревар, но не бевме и лоши. Имавме шанси, но топката не сакаше во противничкиот гол. Мора да бидеме мирни дека имаме уште многу да играме, изјави Зидан.
Реал Мадрид се наоѓа на седмото место на табелата со осум бодови или седум помалку од лидерот Барселона. Во следното коло Реал гостува кај Алавес.
Ова беше прва победа на Бетис во Мадрид од 1998 година, а притоа прекината е серијата од 73 натпревари на кои фудбалерите на Реал Мадрид постигнувале гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари