-->
-->
Зидан: Роналдо е секогаш тука кога се одлучува
-->
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по победата остварена над Севиља вчеравечер со 4:1 го пофали Кристијано Роналдо кој го постигна 401.гол за „кралскиот клуб“.
- Тој има нешто што го прави различен од другите. Постигнува голови, ама позначајно е тоа што во одлучувачки моменти секогаш е на вистинското место, изјави Зидан.
Роналдо во триумфот над Севиља учествуваше со два гола. Тој има постигнато 37 погодоци оваа сезона во сите натпреварувања.
На Реал му се потребни четири бода на преостанатите две средби (Селта и Малага) од Примера за да го освои шампионскиот трофеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни