Зидан: Реал против Интер го одигра својот најдобар натпревар сезонава
Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан, по победата над Интер во Лигата на шампионите, истакна дека неговиот тим одигра одлично. Според него, тимот од Мадрид го прикажа најдоброто издание во досегашниот тек на сезоната
– Одигравме одлично од првата до последната минута. Бевме сериозни и енергични. Разбравме дека важноста на овие три бода е огромна. Тоа му помогна на мојот тим да го покаже својот најдобар фудбал.
Морам да им се заблагодарам на моите момци. Денес немавме други опции освен да победиме. Тајната на успехот беше во тоа што секој даде 100 проценти. Целосно ги заслуживме овие три бода бидејќи ја контролиравме играта до последниот момент, истакна Зидан.
Реал синоќа на гости го победи Интер со 2:0 и по 4.коло во Б-групата од Лигата на шампионите е втор со седум бода. Лидер е Борусија Менхенгладбах со осум. Шахтјор има четири, Интер е последен со само два бода.
Ново на Сител
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга