Македонија
22. May 2025 - 16:37

Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот

Долгото чекање за личните документи, наплатата на извршителите, проблеми во судските постапки, лошата состојба во затворите, најгорливи проблеми за граѓаните минатата година. Повеќе од 2700 приговори токму за овие проблеми стигнале на адреса на омбудсманот. Народниот правобранител реагира дека институциите немаат слух за нивните предупредувања кои се повторуваат секоја година. 

Иако критикувани од Собранието велат застануваат заедно со омудсманот во гаранцијата на човековите права. 

Имаме обврска да ги заштитиме човековите права на сите подеднакво, а институциите да ги почитуваат препораките на народниот правобранител на сите нивоа, порачаа и од канцеларијата на обединетите нации.

Според меѓународните инстиутуции, последниот извештај на Омбудсманот е реален приказ на барањата на граѓаните за заштита на нивните права, а истовремно и повик за дејствување на институциите.