-->
-->
ЖРК Вардар со нова победа во регионалната лига
-->
Ракометарките на Вардар ја постигнаа и четвртата победа сезонава во регионалната лига. Тие попладнево во Љубљана на вториот турнир минимално со 21:20 (9:9) ја совладаа екипата на Будуќност. Вчера Вардар славеше победа и на Крим (32:29).
Двете екипи во текот на целиот натпревар се менуваа во водство, а противникот имаше предност од 18:15. „Вардарки“ и покрај негативата стигнаа до триумф, а во завршницата голови постигнаа Александра Лакрабер и Полина Кузнецова.
Најефикасна кај Вардар беше Татјана Хмирова со 5 голови, а по 4 постигнаа: Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Лакрабер.
Европскиот вицепрвак на овој натпревар настапи без Драгана Цвијиќ, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ.
„Вардарки“ следниот натпревар од Лигата на шампионите го играат на 4.ноември во сабота во Скопје со Ларвик.
фото: www:zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее