-->
-->
ЖРК Вардар се пласира во финалето
-->

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар изборија пласман во финалето на турнирот на коj се домаќини, откако синоќа и во второто коло постигнаа победа. ЖРК Вардар беше поуспешен од хрватската екипа Подравка со 25:19 (15:9).
Најефикасна во редовите на македонскиот тим беше новото засилување Сања Дамњановиќ со седум голови.
На вториот натпревар одигран вчера европскиот првак Будуќност ја победи шведската екипа Савехоф со 25:22, но поради поразот во првото коло од четири голови разлика нема шанси за првото место во групата Б, па така во денешниот дуел Савехоф и Ростов Дон ќе решаваат за ривалот на Вардар во финалето.
Почетокот на овој дуел е во 18 часот, а од 20 часот се игра натпреварот за второто место во групата А меѓу Лајпциг и Подравка.
ЖРК Вардар денеска е слободен, а финалето се игра утре од 20 часот. Претходно се дуелите за петтото и третото место.
фото: www.zrkvardar.com.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
