-->
-->
ЖРК Вардар пречекани од најверните навивачи
-->
Европскиот вицепрвак во ракомет ЖРК Вардар претпладнево се врати од Будимпешта од настапот на завршниот турнир, каде во финалето беше поразен по продолжение од унгарскиот тим Ѓер со 31:30. Најверните навивачи ги пречекаа ракометарките пред нивната сала.
Со голема горчина и со солзи во очите по враќањето капитенот на Вардар, Јованка Радичевиќ зборуваше за загубеното финале.
- Еве и тука на враќањето нашите верни навивачи дојдоа да не поздрават, како што не бодреа и во Будимпешта. Ние се боревме на двата дуела, а беше тешко. Се боревме и против судиите. Ако малку реално погледнеме имавме шанса да го освоиме пехарот, но имавме и наши грешки. Сепак ние сме млад тим и треба да бидеме горди на тоа што го постигнавме. Оваа сезона имаме чекор напред, а треба да бидеме горди особено што четири години сме дел од завршниот турнир и четири години сме во врвот на европскиот ракомет.
Ракометарките на ЖРК Вардар во Будимпешта го играа првото финале и се втората македонска женска ракометна екипа која играла во финалето на Лигата на шампиони. Пред нив тоа го направи Кометал Ѓорче Петров, кој беше и европски шампион во 2002 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка