Ракомет
10. April 2016 - 17:36

ЖРК Вардар избори уште еден настап на завршен турнир од ЛШ

Ракометарките на ЖРК Вардар трета година по ред ќе играат на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Попладнево во реванш четвртфиналето ЖРК Вардар загуби од Ларвик со 28:26 и благодарение на победата на првиот дуел од 34:20 се пласира во уште едно полуфинале од Лигата на шампионите.

Јованка Радичевиќ со 7 голови беше најефикасна на дуелот.
Потенцијални ривали на ЖРК Вардар се екипите на Ѓер, Будуќност и Букурешт. Сите овие заедно со ЖРК Вардар играа во иста група.