-->
-->
ЖРК Вардар ги претстави двете нови засилувања
-->

Македонскиот женски ракометен шампион ЖРК Вардар во новата сезона ќе има со две нови засилувања. Станува збор за бекот Сања Дамњановиќ и пивотменот Андреја Човиќ.
Како што информираше денеска на прес-конференција Гордана Нацева, во клубот оваа сезона ќе има само две нови засилувања и дека е задржана основата, при што Човиќ и Дамњановиќ полесно ќе се вклопат во тимот. засилувањата се на позициите на кои беа неопходни, а главната цел костурот на тимот е задржан.
Дамњановиќ, која е репрезентативка на Србија истакна дека е задоволна што е дел од, како што рече, од голем клуб како што е Вардар и дека ќе даде се од себе за остварување на целта.
- Најголема желба ми е да го освоиме пехарот на Лигата на шампиони и ќе дадам се од себе да ја оствариме таа цел. Играв во Виборг (Данска), но не успеав да го освојам пехарот, додаде Дамњановиќ.
Репрезентативката на Хрватска, Човиќ нагласи дека е голема чест да се игра за Вардар и дека е задоволство да се игра со играчи како што се Радичевиќ, Пенезиќ...
Тренерот Индира Кастратовиќ информираше дека ракометарките во понеделник заминуваат на подготовки во Франција каде ќе имаат пријателски натпревари со Флори, потоа ќе учествуваат на турнир во Букурешт и на крај во Скопје на новиот турнир во организација на Вардар.
Во редовите на ЖРК Вардар се надеваат дека и во месец септември ќе имаат квалитетни натпревари и спаринг партнери, се со цел подготвени да ги дочекаат дуелите од Лигата на шампионите во октпмври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
