-->
-->
ЖРК Вардар директно во групната фаза од Лигата на шампионите
-->

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави списокот со тимови кои се пласирани во групната фаза како шампиони на своите земји и благодарение на својот рејтинг, како и списокот со тимови кои мора да играат квалификации за да влезат во елитното друштво. Македонскиот првак ЖРК Вардар се наоѓа во списокот со 14 екипи кои директно одат во групите, а за останатите две места ќе се борат осум екипи на два квалификациски турнира.
Кои ќе бидат противниците на „црвено – црните“ ќе биде познато на 26 јуни кога ќе се одржи жрепката во Виена.
Екипи кои директно се најдоа во групната фаза: Вардар, Ференцварош, Будуќност, Ларвик, Митјиланд, Крим, ЦСМ Букурешт, Турингер, Ростов-Дон, Савехоф, Хипо, Подравка, Флери и Љублин.
Екипи кои ќе играат квалификации: Ѓер, Есбјерг, Белаз Минск, Серкодак, Раднички, Анкара, Гласверкет и Бајиа Маре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство