Жозеф Дол: Во Македонија опозицијата прави театар, избори мора да има
Жозеф Дол, претседателот на најголемата политичка партија во Европа, Европската народна партија (ЕПП), на конференцијата „Западен Балкан: Кон европската иднина“ што денеска се одржува во Европскиот парламент во Брисел, испрати силна порака против она што македонската опозиција го прави во Република Македонија, нарекувајќи го театар.
Дол, кој е претседател на партијата што ги дава германската канцеларка Ангела Меркел, еворпскито лидерски двоец Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, беше дециден дека она што се прави во Македонија повеќе не може да се толерира и дека затоа се потребни изборите како решение на се, јавува дописникот на МИА од Брисел.
– Корупцијата е голем проблем во сите балкански земји и за истата да се реши потребно е да се земат европските стандарди. Ние гледаме потешкотии во Република Македонија и кога слушам и гледам што се случува во Македонија имам впечаток дека е како некоја театарска претстава. Потребни се изборите во земјата, бидејќи повеќе не може да се толерира оваа ситуација. Се мора да се преземе за да се реализираат демократски избори во земјата час поскоро и одговорноста за тоа е на двата спротивставени политички спектруми во Македонија, беше дециден Жозеф Дол.
Инаку, на денешната конференција на ЕПП во Европарламентот во Брисел учествува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, заедно со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Ивањиќ, европратениците Андреј Пленковиќ, Елмар Брок, Едард Кукан, Дејвид Мекалисер, Кристијан Дан Преда и други, како и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша
Ново на Сител
-

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ
-

Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
-

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
-

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
