„Животинска фарма“ - премиера на Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Животинска фарма“ според романот на Џорџ Орвел во режија на Александра Кардалевска и драматизација на Драгана Лукан Николоски.
Ова дело, кое заедно со „1984“ му донесе слава на Орвел непосредно по Втората светска војна, опишува бунт на фарма која животните ја преземаат од сопственикот Џонс, сакајќи поубав свет без доминација на луѓето. Преку текстот авторот на сатиричен начин ги прикажува случувањата во Русија помеѓу двете светски војни, со алузии за предавството на Руската револуција од страна на Сталин и неговите следбеници, чистките, монтираните процеси, злоупотреба на народот од новата елита...
Режисерката Карадалевска (1984) на прес-конференција рече дека со секое препрочитување на делото сфатила дека оваа тема е постојано актуелна. Со ова дело, рече таа, се покажува стилот на Орвел - едноставен, а со две нишки во исто време - политичка и уметничка.
- Не може да не се зборува за еден политички контекст во приказната, меѓутоа тој е многу универзален и е актуелен за нашето секојдневие. Претставата зборува за борба за власт, за злоупотреба на власта, а за сето тоа да биде возможно вметната е приказна за сеопфатна машинерија, за современото угнетување, нешто што порано се викаше пропаганда, а сега политички маркетинг, еден севкупен систем со кој се контролира мислата на населението. Група животни од една фарма решаваат да се ослободат од човек-тиранин кој носи само зло, прават систем во кој живеат во благосостојба се додека во еден момент не почне да се руши и да се создаде негативната утопија за која зборува делото, истакна Кардалевска.
Во актерската екипа се: Владимир Лазовски, Ненад Митевски, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Предраг Павловски, Изабела Новотни, Катарина Илиевска-Силјановска, Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Емра Куртишова, Марија Ѓорѓиевска и Мартин Јорданоски. Сценограф е Никола Кунгуловски, костимограф Маја Димовска, а музиката е на „Бернејс Пропаганда“.
Ново на Сител
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел