Живее сама во шума во Сибир, не ни знае дека имало Втора светска војна!
Во време кога информациите се шират буквално во секунда, во светот сеуште има луѓе кои успеваат да живеат изолирани од се.
Таква е и Агафја Ликова (71), русинка која долго низ годините живее во изолација во сибирската шума, а од нејзе излезе неодамна, кога морала во болница поради болки во нозете.
Агафја е последниот жив член на семејството. На нејзе уште во 1978 година наишле геолози и набрзо откриле дека никој во нејзиното семејство не знаел дека имало Втора светска војна.
Ликова и понатаму живее изолирано, а од најблискиот град оддалечена е дури 100 километри. Ја опишуваат како најосамената жена во Русија чиј татко се преселил уште во 1936 година каде изградил дрвена колиба. Семејството преживувало со јадење на печурки и компири.
Кога геолозите наишле на ова семејство, Агафја имала 33 години и тогаш за прв пат во животот видела намирници како што се леб и млеко.
Преселувањето во градските области секогаш го одбивала со образлoжение дека таму не може да се дише.
- Тешко живеевме, понекогаш немавме храна. Еднаш дури ги изедов своите обувки, вели Агафја чија мајка починала од глад во 1961 година, а нејзиниот татко 1988 година.
Оваа русинка во болница би требал да помине една недела каде ќе биде на терпија поради пропаѓање на рскавицата во колената.
Ново на Сител
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
-

Пожарникарите од Крива Паланка спасија куче кое паднало во бунар длабок седум метри
