Жителите на Табановце бараат дислокација на пречистителната станица
Дел од жителите на Табановце бараат од надлежните, од Министерството за труд и социјална политика да ја дислоцираат пречистителната станица изградена за потребите на Tранзитно-прифатниот центар за бегалци и мигранти од посточеката локација. Тие денеска изјавија дека бараат дислокација или станицата да се постави под земја.
Претседателот на месната заедница Табановце Тони Петровиќ појасни дека поднеле барање за дислокација на станицата на 27 јули годинава до МТСП и додаде оти досега не добиле одговор.
- Бараме дислокација на станицата или таа да се постави под земја, според првичниот проект. Сметаме дека ќе ни излезат во пресрет, ако не тогаш ќе преземеме други мерки, меѓу кои и протести, изјави Петровиќ.
Пречистелната станица, како што објаснија жителите, најмногу им пречи на десетината куќи сместени непосредно до станицата. Жителите од овој дел на Табановце истакнаа дека се шири непријатна миризба и побараа итна интервенција од надлежните. Објаснуваат дека поради кампот имале бројни инфраструктурни проблеми и оти наместо мештаните во кампот се вработуваат лица од други места.
Од МТСП соопштија дека подстаницата е изведена надземно поради подземни води. Ова решение, како што велат, го понудиле стручните лица и е поскапо бидејќи се вложени повеќе средства за поставената опрема. Нагласија дека решението за поставување на станицата ги зело предвид не само потребите на Транзитно-прифатниот центар, туку и потребите на локалното население. Објаснија дека по филтрирањето на водата, таа станува трета класа која може да се користи за наводнување на земјоделските површини.
Ново на Сител
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители