Жител од Желино нелегално сечел дрва во Струшко
Полициските службеници од полициската станица Струга, на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на ХЕЦ „Глобочица“, синоќа во 20 часот и 15 минути застанале товарно возило марка ,,МАН“ со тетовски регистарски ознаки, поради сомнение за нелегален транспорт на огревно дрво.
СВР Охрид соопшти дека во возилото управувано од М.А. (51) од тетовското село Желино, во кое се превезувале уште четири други лица, сите од дебарското село Отишани, било натоварено со 24 метри просторни огревно дрво за кое М.А. не поседувал испратница или друга соодветна документација.
– Полициските службеници забележале дека дрвата биле обележани со жиг, а по преземени мерки, пронајден е и одземен чекан со нелегален печат од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ со кои М.А. извршил нелегално обележување на дрвата, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Товарното возило со огревното дрво, додаде, било пренесенo во ЈП „Шумско Стопанство-Струга“ за натамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
10 години не плаќал данок преку неговите 4 фирми, кривична за газда од Тетово
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година