Жител од Трубарево осомничен за загрозување на безбедноста во сообраќајот
Против 57-годишен жител на селото Трубарево Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола.
- Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „шкода“. Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото „шкода”, меѓу кои две осуммесечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана