Жител од Радолишта загина во сообраќајка во близина на селото
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20:30 часот се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта.
Од здобиените повреди, како што соопшти денеска СВР Охрид, на лице место почина Елван А. (69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга.
- Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“ со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот, сега починатиот изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од патот, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На местото на сообраќајната незгода, по овластување на јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај - Струга. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Пежо“ е подигнато за понатамошен технички преглед.
Ова е втора незгода со жртва за само едно деноноќие во струшко. Триесет и осум годишен жител на Струга завчера вечерта го загуби животот во сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Мали Влај.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември