Жител на Желино се сомничи за вмешаност оштетувањето на цевките за кислород во тетовската болница
Маж на возраст од 42 години од селото Желино вчера бил лишен од слобода бидејќи полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница на 23 август. Тогаш со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.
-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ