Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела

Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта за неколку кривични дела - Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што соопшти ОЈО, осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.
- Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда, стои во соопштението на ОЈО.
При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки со цел да се испита нивната употреба во настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
МИА
Ново на Сител
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
